За нас
img zw6

На мисија да го направиме светот за нијанса почист.

Zero Waste е социјално претпријатие кое има за цел да понуди одржливи и еколошки замени за продуктите кои најчесто ги користиме еднократно или секојдневно, а се наменети за домот или за лична хигиена. Производите се изработени од локални домашни производители или индивидуалци кои имаат можност за продукција.

Главна цел ни е да едуцираме пред да продаваме, да поттикнеме свесно пазарување, да ја стимулираме циркуларната економија и да им помогнеме на луѓето да го намалат отпадот кој го продуцираат секојдневно

img zw6

6-те принципи на zero waste концептот кои активно ги промовираме:

Refuse

да се одбијат сите оние бесплатни мали подароци или промотивни материјали кои не ни се потребни

Repair

да поправиме сè што е расипано или искинато, а е во функција (доколку не е во функција, може да го пренамениме за друга намена)

Reduce

да го исфрлиме од употреба или донираме сето она што не ни е потребно,

Reuse

да реискористиме сè што можеме во домот

Rot

да иницираме поставување на градски компост центри во сите градови

Recycle

да го рециклираме тоа што ќе остане

Нашиот тим:

Марија Арсоска

долгогодишен активист во невладиниот сектор, дипломиран професор по германски јазик и магистер по човечки ресурси и маркетинг.

Теодора Страшевска

студент по стоматологија, активист и gen z претставник.

Дејан Велјанов

страстен аквариста, дипломиран економист и ревизор.

Zero Waste беше една од победничките идеи во рамките на проектот RISE Journey – регионален инкубатор на социјални претприемачи. Проектот RISE е основан од конзорциумот составен од RYCO, GROUPE SOS Pulse, SEEYN, Institut français и Француско-германската канцеларија за млади (FGYO). Локален инкубатор кај нас е здружението за социјални иновации – АРНО.

Сакаш да бидеш дел од нашите производители?

Испрати ни емаил на zerowastemk@gmail.com!

ЕЛЕКТРОНСКИ БИЛТЕН

Дознајте прв за најновите производи, промоции, поволности и совети на твојата email адреса.